Доволно големи за да може да слета и авион, автомобили нема, може слободно да возите велосипед, децата си играат безгрижно, а не можете да излезете од Пјонгјанг без посебна дозвола...
Патувањето по автопатиштата во Северна Кореја е големо искуство, бидејќи овозможува да се види секојдневниот живот на луѓето во земјата надвор од строгата контрола во престолнината Пјонгјанг.
Автопатиштата ги поврзуваат главните градови и по нив ретко можат да се видат автомобили. Ова создава многу чудна атмосфера, бидејќи патиштата се толку големи на нив може да слета авион, но речиси нема автомобили. И, се разбира, има многу нерамнини и дупки.
Кога патувате организирано во Северна Кореја, сè е предвидено до најмала подробност, дури има и постојки за користење на тоалет.
А на некои од местата за одмор се чувствувате како во пустелија, раскажува фотографот Ерик Лафорг кој го овековечи своето патување по автопатиштата на Северна Кореја.
Погледнeте ја галеријата на Ерик Лафорг