Откако Реџеп Таип Ердоган на свечена церемонија кон крајот на минатата година го претстави првиот национален турски автомобил, истото го направи и Северен Кипар.
Премиерот на оваа меѓународно непризнаена земја, Ерсин Татар на свечена церемонија го претстави моделот Gunsel. Според техничката спецификација, овој автомобил е на електричен погон, а до стотка забрзува за околу 8 секунди. Електричниот мотор продуцира максимални 160 КС.
Сериското производство ќе започне веќе од следната година, а во првата фаза планирано е производство од 2 илјади автомобили. До 2025 година се очекува оваа бројка да изнесува 20 илјади годишно.
За непречено производство потпишан е договор со 800 компании од 28 различни земји кои ќе бидат задолжени за снабдување со неопходните компоненти и материјали за производство.