На саемот за автомобили во Детроит, Lexus го прикажа концептот LC. Овој кабиолет автомобил предизвика позитивни реакции па поради тоа инжинерите во јапонскиот производител забрзано работеа на сериската изведба.
Сега и официјално е потврдено дека сериската изведба на овој автомобил доаѓа следниот месец и тоа во рамките на фестивалот на брзина во Гудвуд.
Дизајнот на ова концептно возило е идентично како и основната изведба, а зад него се потпишува Тадао Мори, главниот шеф за дизајн на Lexus како и Пансо Квон и Едвард Ли кој работеа на иницијалниот концепт.
Должината изнесува 4.770 мм, широчината 1.920 мм додека висинта само 1.340 мм. Оттука во однос на основниот седански модел кој веќе се произведува, оваа изведба е за 10 мм подолг и за 5 мм поширок додека пак меѓуоскиното растојание останува непроменето и изнесува 2.870 мм.
Во однос на мотористиката овој концепт во производство ќе влезе со 5.0 литарски бензински и 3.5 литарски хибриден мотор со 10 степен автоматски менувач.