Сериозни се во намерите: Амазон ќе отвора дилерски места!

ОБЈАВЕНО НА:

Не само што се натпреварува во онлајн делот на продажба, Амазон го проширува бизнисот и размислува за отворање на сопствена дилерска мрежа за продажба на автомобили. Ова го потврдил Купер Смит, одговорниот за истражување во компанијата најавувајќи можно отворање дилерска мрежа со што компанијата би имала драматично проширување во автомобилската индустрија.

„Идејата е провокативна и има смисла. Се замаглува линијата меѓу он лајн продавањето и класичните продавници, изјавил Смит.

Од Амазон засега нема официјален коментар, но компанијата веќе работи на слични работи, бидејќи неодамна купи ланец на маркети, а исто така продава он лајн возила од марките Seat и Fiat во Франција и Италија како дел од ексклузивната соработка со производителите на возила.

Целта на Амазон е да бидат што поблиску до купувачите, и тие да им ги испорачуваат потребните работи. Пазарот во САД е особено важен за Амазон бидејќи 43 отсто од вкупната он лајн продажба во 2016 година е токму во САД. За да се продаваат возила ќе им треба и дистрибуција. Во 2016 година во САД се регистрирани 18.251 дилерско место, а биле продадени 17,5 милиони возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK