Сериозни проблеми за VW: Секојдневно се откриваат по 300 грешки кај ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

Специјалисти од Volkswagen кои го тестираат електричното возило ID.3, секојдневно откриваат по 300 грешки во софтверот на возилото. Поради ова, компанијата може да го одложи почетокот на продажбата за уште една година, до летото 2021. Според германското издание на Magazine проблем е што компанијата развила брза проценка на софтверот.

Поради ова, многу елементи на системот неможат да бидат синхронизирани меѓу нив, што доведува до дефекти. Повеќе од илјада лица работат на овие проблеми и ги решаваат и ги елиминираат грешките при работењето на автомобилните системи. Изворите на магазинот сепак тврдат дека сè уште постои огромен ризик од одложување на официјалниот почеток на продажбата што беше планиран за ова лето.

Во исто време, за германскиот автомобил менувањето на роковите може да бидат критичен. Cпoрeд зaкoнитe нa ЕУ од oблacтa нa eкoлoгијата секој прoизвoдитeл нa aвтoмoбили треба дa го нaмaли cрeднoтo нивo нa врeдностите на eмиcиите, при отчитување на средното нивo нa eмиcиитe caмo за стандардните прoдaдeни aвтoмoбили.

На крајот на јануари годинава компанијата излезе со нова стратегија за избегнување на казни – самите себе си ќе си продадат електрични возила за сервисот WeShare. Веќе е постигнат договор за испорака на возилата во време кога постојано се заоструваат прописите за издувните гасови кај возилата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK