Како една од првите приватни фирми во Македонија основана од семејството Каленикови, ТД Кадис денес одбележува 30 години успешна работа во бизнисот со продажба и сервисирање на автомобили.
Горди на постигнатите успеси, општествено одговорни и хуманитарно посветени продолжуваме и понатаму по истиот пат со надеж дека наскоро ќе имаме можност и да наздравиме заедно за значајниот јубилеј – се вели во службеното соопштение од маркетинг службата на „Кадис“.
Покрај искрените честитки би сакале уште да додадеме дека г-ѓа Славка Каленикова е добитник на годинешното признание „Томислав Биљарац“ кое Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија го доделува како признание за осебен придонес и резултати во развојот на автомобилската индустрија.