Јужнокорејскиот производител Kia го комплетираше Ceed семејството. По лансирањето на основната хечбек верзија, караванската и shooting brake верзијата, конечно е претставена и SUV верзијата на овој модел.
Инспирацијата на екстериерот е секако преземена од основната Ceed изведба. Единствената стилска разлика се предните светла кои добиваат малку изменета форма.
Внатрешноста во целост е преземена од Ceed. Она што е новитет е тоа што овој модел ќе располага со 12.3 инчна диигтална инструментална табла која доаѓа со повисокото ниво на опрема.
Во поглед на димензиите овој модел е за 85 мм подолг од стандардната хечбек верзија. Така должината изнесува 4.935 мм, ширината 1.826 мм што е за 26 мм поширок додека пак висината изнесува 1.490 мм или за 43 мм повисок од стандардната верзија.
Овој модел во салоните ќе дојде кон крајот на годината, а во него Kia гледа како конкурент на Ford Focus Active, Subaru XV, VW Golf Alltrack и VW T-Roc. При тоа ќе се продава на глобалниот пазар каде е застапен брендот на Kia.
XCeed во понудата ќе дојде со истите мотори како и основната изведба на Ceed, а според шпекулациите ќе добие и електифицирана изведба која ќе се појави кон крајот на годинава, но не подоцна од првиот квартал следната.
https://youtu.be/ov0L6hGzzvY
Инаку ова е втор новитет што Kia го претставува на пазарот. Пред само една недела беше претставен и новиот SUV Steltos.

Следете не и на:

