Секоја земја е различна: Кои се најчудните сообраќајни казни

ОБЈАВЕНО НА:

Колку се чудни и ригорозни македонските сообраќајни правила и казни во споредба со правилата кои постојат во држави ширум светот? Со секоја промена на законите во нашата јавност не стивнуваат бурни реакции за новините што се воведуваат, кои понекогаш со години ги коментираме како непотребни или нелогични.

Но, дали тоа е доволно да се најдеме меѓу државите со најчудни правила.
Разгледајте ги овие најчудни сообраќајни казни во светот според британскиот Интернет сајт CarWow.

Ќе се изненадите колку од нив ги има и кај нас. Некои од овие закони за Британците се чудни, а за нас сосема нормални и реални.
* Во Тајланд има забрана да се управува возило без кошула или маица. Според тајландскиот закон, возачот мора да има облечен, во спротивно следи симболична казна.

* Во Русија е незаконски да возиш валкано возило. Казната за возачот кој не го светнал возилото е 38 долари и се плаќа веднаш.

* Во Сингапур возачот мора да одржува растојание од пешаците од најмалку 50 метри, во спротивно следи казна која се плаќа веднаш.

* Во Денвер Колорадо, во САД, нелегално е да возиш црн автомобил во недела. Причините за забраната не се јасни и според истражувањето на CarWow возачот за овој прекршок најверојатно би поминал без казна. Сепак, ова е многу бизарно правило.

* Во Финска таксистите мора да имаат посебна дозвола за да пуштат снимена музика додека го возат патникот. Ако во Обединетото Кралство, таксист на Uber ќе ви понуди кабел да се поврзете со музичкиот плеер и да пуштите каква музика сакате, во Финска ќе слушате радио. Односно, таксистите мора да платат околу 40 евра годишно за лиценцата за да слушаат музика по сопствен избор.

* Во Германија е сторого забрането да се застанува на автопат дури и во случај возилото да остане без гориво. На германските автопати нема официјално ограничување на брзината и се случува возило да се движи и со повеќе од 200 километри на час, и затоа застанувањето парично се казнува.

* Во Шпанија возачи кои носат очило во секое време мора да имаат резервен пар во возилото или ако ги застане контрола треба да платат симболична казна.

* На Кипар возачите мораат цело време да ги држат рацете на воланот, дури и кога јадат или пијат, слично на возачите почетници додека учат да возат. Во спротивно следуваат казнени поени за возачот, како и мала парична казна.

* Во Франција пропишано е во возилото во секое време да има дрегер за проверка на ниво на алкохол, иако не е пропишана казна за прекршување на ова правило.

* Во Обединетото Кралство и во Јапонија е строго забрането да испрскате пешак со возилото. Казната за овој прекршок може да стигне и до 1000 фунти, ако случајот стигне на суд.

* Во Финска строго се казнува ако возачот не пријави сообраќајна незгода во која е вклучено и големо животно. Казната за ваков прекршок зависи од висината на приходите што возачот ги има, односно, колку повисоки приходи толку повисока казна.

* Во Велика Британија уринирање во јавност е строго забрането освен во случај кога возачот стои до задното тркало и го допира возилото.

* Во Клинтон, Оклахома, во САД противзаконски е да злоставуваш (нападнеш) автомобил – иако нема објаснување што се подразбира како злоставување на автомобил. Иако не ни е јасно за каков прекршок станува збор, очигледно е дека е сериозен зашто возачот може да се соочи со криминално обвинение и притвор.

* Во Манила возачот е ограничен колку денови во текот на неделата смее да го вози возилото. Бројот на денови дозволени за возење зависат од бројот на возачката дозвола и прекршувањето носи и парична казна. Иако изгледа чудно, на овој начин може да се намали и загадувањето.

* Во Боцвана строго е забрането на моторцикл да се носи животно ако тоа го блокира видикот на возачот. Казната е строга – речиси 420 евра.

* Во Костарика дозволено е да возиш и пиеш под услов да се паркираш пред да се опиеш. Дури и во сличај на полициска контрола, возачот нема да добие казна ако се утврди дека не е пијан.

* Во Италија, во некои историски зони строго е забрането да се влезе со возило без посебна дозвола за тоа, во спротивно казната изнесува 100 евра.

* Во Алабама, САД забрането е да управуваш автомобил со врзани очи. Прекршување на забраната повлекува парична казна.

* Во Јужна Африка возачите мора да застанат и да ги пропуштат говедата и ноевите да преминат преку патот. Животните се главни на патиштата, а возачот кој не ги почитува може да добие казна до 550 евра.

* Во Данска возачите мора да проверат дали под возилото спие дете пред да го запали и тргне.

* Во Австрија полицајците имаат право и одоко да оценат дали некој ја надминува дозволената брзина во зони со ограничување од најмногу 30 км на час.

* Во Саудиска Арабија на жените им е дозволено да поседуваат автомобил, но не и да го возат. Прекршување на забраната не предвидува казна.

* Во Шпанија забрането е да управуваш возило додека носиш апостолки, високи потпетици, папучи, или сандали, како и бос. Всушност несоодветни обувки може да влијаат на возењето. За прекршување на забраната следи висока парична казна.

* Во Обединетото Кралство ако со возилото возачот испрска со кал пешак кој чека автобус, казната достигнува 1255 фунти.

* Во Обединетото Кралство е забрането да се користи сирената во возилото во периодот од 23.30 часот до 7 часот наутро, освен во случај кога постои некоја опасност на патот. Казната за притискања на свирката во текот на ноќта изнесува 100 фунтти.

* Во Онтарио, Канада, забрането е да влезеш во такси со лош здив.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK