Статистиките во автомобилската индустрија секогаш предизвикуваат големо внимание. Такво внимание привлекуваат и последните бројки во оваа индустрија.
Ако се земе во предвид светското производство на возила во последните неколку години, тогаш може да се заклучи дека годишно во светот се произведуваат околу 100 милиони нови автомобили. Најголем дел од нив се проиведени во Кина, дури 25,7 милиони, што во просек значи дека во оваа земја секоја минута се произведуваат по 48,9 нови автомобили.
Тоа ја прави Кина најголем производител, пред САД, Германија и Мексико кои заедно, на секоја минута произведуваат 47,7 нови автомобили.
Во поглед на производителите, Toyota произведува најмногу автомобили за една минута – 19,9. На втората позиција е Volkswagen со 19,8 автомобили додека Hyundai со 13,7 автомобили е на третата позиција. Во топ 5 произвдоителите со најмногу произведени автомобили во минута се уште и GM и Ford.