Моделот Kia Stinger е во финална фаза на развој и набрзо почнува продажбата.
Иако Kia Stinger го имаше дебито на саемот во Детроит во јануари годинава, моделот сѐ уште го нема во салоните за продажба. И од страна на јужно корејскиот бренд доаѓа потврда дека возилото се тестира и е во завршна фаза, и до крајот на годинава влегува во продажба.
Програмата за тестирање на моделот опфаќа разни фази, од јавни патишта до тркачки патеки. Секој прототип на возило мора да мине најмалку 10.000 км. односно речиси 480 кругови на патеката на Нирбургринг, што е еднакво на 160.000 км. тестирање на јавен пат.
Кога ќе се појави на пазарот Kia Stinger треба да биде сериозен предизвикувач на BMW 4 series Gran Coupe и Audi A5 Sportback.
Главен пазар за Stinger треба да биде САД, и таму ќе се нуди 2.0 литарски турбо четирицилиндричен мотор со 255 КС, и 3.3 литарски V6 со 365 КС. Овој посилниот мотор забрзува до 100 км/ч. за 5,1 секунда и максималната брзина ќе му биде 269 км/ч.