Секој може ова да го направи: Со неколку евтини трикови до почист автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот е место кое речиси и да стана втор дом на луѓето во модерното време. Тој е неизоставен дел од секојдневието, а со самото тоа и во просторот во кој минуваме доса од времето и затоа во него треба да се чувствувате убаво.

Тоа нема да биде случај дококолку шофершајбната и седиштата долго време изгледаат неисчистено. За непријатните мириси кои не исчезнуваат што и да се обидувате и не треба да се зборува. Сепак, постојат неколку трика со кои би можеле на едноставен и евтин начин да му го вратите стариот сјај на својот миленик на четири тркала.

Регенератор за коса како восок
Исперете го својот автомобил со регенератор за миење на коса кој содржи ланолин. Нема да можете да верувате кога ќе видите дека ќе изгледа како да сте го премачкале со нов слој на восок, а неговата површина совршено ќе ги одбива капките дожд.


Исчистете ја шофершајбната со газиран пијалок
Решете се од сите дамки и отисоци на шофершајбната така што ќе ја прелиете со газиран пијалок (задолжително ставете пешкири и некои крпи на дното на шофершајбната за да се запре пијалокот да не пробие во внатрешноста на автомобилот). Меурчињата од овој пијалок се одлични за отстранување на нечистотијата. Погрижете се шофершајбната добро да ја избришете убаво после чистењето за да не би привлекле нов слој на прашина или некои несакани инсекти.

Зборум на непријатните мириси
Нема потреба да купувате скапи освежувачи на воздух за автомобил кои често не мирисаат и не изгледаат најдобро. Место тоа, земето најобична дрвена штипка и на нејзиниот врв сипете неколку капки од омиленото есенцијално масло (на пример лаванда, рузмарин, роза). Закачете штипка на отворот за вентилација. Секој пат кога ќе вклучите греење или клима вашиот автомобил ќе биде преплавен од прекрасен мирис.

Маслиново масло
Ова можеби ќе ве изненади, но маслиновото масло е одлично средство за одржување на кожните седишта. Претерана употреба може да предизвика контра ефект па е добро да внимавате на количината на масло која ќе ја користите. При првиот чекор треба да ги исчистите седиштата со сапун, а откако ќе ги исушите прејдете преку нив со крпа која претходно ќе ја натопите во маслиново масло. После гланцањето сè добро пребришете со сува крпа.

Паста за заби
Ако фаровите на автомобилот се толку матни што изгледаат како повеќе никогаш да нема да можат да пропуштат ниту најмалку светлина, редно време е за замена која сигурно ќе ве чини многу. Тука имате опција два, а тоа е чистење со помош на паста за заби. Најдобро е да ја користите пастата за заби која е за белеење, а процесот е едноставен. Тријте со доволна количина на паста преку целата површина на фаровите. Добро истријте ги, исперете ги и исушете. Фаровите ќе ви изгледаат како нови.

Исчистете ги тркалата
Тркалата ќе изгледаат како нови ако искористите мал трик со вода и со сода бикарбона. Направете густа смеса од овие две состојни и премачкајте ги детално тркалата со настанатата паста. Откако ќе ги истриете, измијте ги добро со вда и уживајте во сјајот на своите гуми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK