Сега можете да гледате YouTube во вашето Porsche

ОБЈАВЕНО НА:

Но, само од совозачката страна или кога е паркиран, се разбира, поради безбедносни причини....

Porsche беше еден од првите производители на автомобили што постави екран на совозачката страна на своите автомобили како начин да ги забавува оние на предните седишта. Дебитираше во 2019 година со тогашниот Taycan, но функционалноста беше ограничена на само неколку функции. Сега, сепак, патниците конечно ќе можат да ги гледаат своите омилени видеа на YouTube во движење.

Моделите на Porsche Cayenne, Panamera и Taycan со опционален патнички екран сега можат да проследуваат YouTube — дури и додека автомобилот е во движење. Кога автомобилот е паркиран, возачот може да гледа и YouTube на централниот екран.

Новите модели како Macan Electric веќе доаѓаат стандардно со апликацијата YouTube, додека сегашните сопственици на Porsche ќе добијат софтвер додаден на нивните почетни екрани за управување со комуникација на Porsche преку ажурирање преку воздух (over-the-air update). И тоа е, што е уште еден бенефит за сопствениците на автомобилите на Porsche, потполно бесплатно.

Rivian беше еден од првите производители на автомобили што понуди функционалност на YouTube во своите автомобили преку функцијата YouTube Cast, која им овозможуваше на корисниците да проследуваат содржина од нивните телефони. Mercedes- Benz, пак, веќе има договор за понуда на YouTube на својот најнов софтвер MB.OS.

Наскоро, апликацијата YouTube треба да се пробие до други производители на автомобили со вградениот информациски систем на Google, како што се Chevrolet, Hondа и Volvо.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK