Сега има пробно производство – Наскоро првите испораки на електричниот M-Byte

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси две години по премиерата, кинескиот производител Byton ги најави првите испораки на моделот M-Byte до купувачите. Во моментов овој SUV се наоѓа во пробно производство, а почетокот на производството треба да стартува следниот месец додека првите испораки во текот на јуни.

Она што е карактеристично за овој модел е големиот екран во внатрешноста. Станува збор за 48 инчен екран што е еднакво на 7 iPad-а или далеку поголем од сега најголемиот дисплеј вграден кај автомобилите на Tesla чија големина изнесува 17 инча.

Покрај овој централно поставен дисплеј, M-Byte моделот на кинескиот производител има и 7 инчен екран сместен на управувачот со што станува првиот автомобил со дисплеј осетлив на допир на управувачот. Преку овој дисплеј ќе се задаваат вообичаените команди што сега возачот може да ги зададе преку класичните мултифункционални управувачи.

Почетната цена на овој SUV изнесува 54.000 евра во Кина, а производителот веќе брои 20 илјади пред-нарачки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK