Сега има и Lada Niva 6×6!

ОБЈАВЕНО НА:

Откако се појави автомобилот со шест тркала G-Klasse, неколку тјунинг компании почнаа веднаш да го копираат и да го доработуваат 6х6 шема. Се појавија и автомобилите Land Rover Defender и Dacia Duster со шест тркала, но никој го нема направено тоа на база на Lada Niva.

Специјалистите од “Гаража 54” сакаат руски автомобил со шест тркала и поради тоа се зафаќаат со својот нов проект. Тие прват Niva со шест тркала, но точната формула е 6х4 бидејќи дополнителните две тркала кои ги монтираат не се движечки.

Со други зборови, за дополнителниот мост не е предвиден кардан, но специјалистите од “Гаража 54” ветуваат дека во иднина ќе го направат и тоа. Во моментов проектот е во почетен стадиум, а возилото нема монтирано дополнителни задни амортизери.

Руските тјунинг мајстори се тврдо решени да ја претворат баналната Lada Niva во автомобил, кој сериозно ќе го крева адреналинот. Ако сте ја следеле работата на момците од “Гаража 54”, тогаш сигурно знаете дека тие знаат добро што прават.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK