Седум непријатни мириси во вашиот автомобил кои не смеете да ги игнорирате

ОБЈАВЕНО НА:

Сигурно додека го возите својот автомобил ви се случило да почувствувате чуден мирис, но веројатно сте помислиле дека тој доаѓа однадвор и не сте му дале некое посебно внимание. Сепак, не е сè така како што изгледа бидејќи некои од тие мириси коишто се појавуваат во автомобилот можат да значат и потенцијална опасност и не значи дека секогаш мора да се условитени со случувањата надвор од возилото.

Токму поради тоа морате да насочите посебно внимаение кон нив бидејќи тие се некакво предупредување.

1. Мирис на запалена гума укажува на тоа дека дошло до опуштање на ременот на моторот кој би можел да пукне. Може да значи и дека некое црево во делот на моторот го допира ременот или други подвижни делови.

2. Мирис на врело масло највројатно значи дека ви тече масло. Во овој случај побарајте ги дамките на патот или чад во областа на моторот за да можете да потврдите дали навистина дошло до течење на масло.

3. Мирис на гориво главно значи дека тече гориво од резервоарот или на системот за вбризгување во моторот.

4. Мирис на сладок сируп може да значи дека тече антифриз.

5. Мирис на изгорен тепих главно значи дека има дефект во работата на кочниците. Ако го почувствувате овој мирис во нормални услови на возење веднаш проверете.

6. Мирис на расипани јајца е воедно и најнепријатниот мирис. Овој мирис се чувствува доколку постои проблем со катализаторите бидејќи не го претвораат водород сулфатот во сулфур диоксид.

7.Мирис од клима уредот кој е многу непријатен се јавува после палење или гасење на клима уредот е последица на присуство на разни микроорганизми. Ова воедно е и знак за дезинфекција на вентилацискиот систем која можете да го направите и самојстојно.

Многу важно е и тоа доколку знаете што е причината за незгодниот мирис да не чекате за да го решите проблемот бидејќи сигурноста на патот треба да биде вашиот приоритет! Затоа штом забележите некој од овие мириси треба веднаш да одите на сервис и да спречите потенцијално далеку посериозни дефекти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK