Седум најскапи автомобили продадени на аукции во 2019 година (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најскапиот автомобил кој беше продаден на аукциите во минатата година беше McLaren F1 LM-Specification од 1994 година. Тој успеа да достигне цена од 19.805.000 американски долари. Од овој автомобил се направени само 64 примероци, а LM je кратенка за Le Mans.

Вториот најскап автомобил е Alfa Romeo 8C 2900B Touring Berlinetta од 1939 година и продаден е за 18.563.605 долари. Изработен е во Carrozzeria Touring Berlinetta, a под хаубата има 2.9-литарски осумцилиндричен мотор со два компресори. Сепак, ова не е најскапата Alfa продадена на некоја аукција.

Какви аукции би биле кога не би имало место барем за еден Ferrari 250, а третиот најскап Ferrati 250 GT LWB California Spider од 1958 година е продаден за 9.905.000 долари. Ова е 11-тиот примерок кој беше направен од 50 колку што ги има со ова раздалеченост на осовините.

Има и Lamborghini, а тоа е Veneno Roadster и истиот е продаде за 8.337.182 долари, а потекнува од 2014 година. Полицијата од Швајцарија го одземала од синот на претседателот на Екваторијална Гвинеја, а направени се само девет вакви автомобили.

На 5. место повторно е Ferrari 250 и тоа GT SWB Berlinetta, кој достигнал сума од 8.145.000 долари. Потекнува од 1962 година. Реставриран е и сертифициран како таков од страна на Ferrari како автентичен.

На списокот е и Ford и тоа модел GT40 Roadster Protoype, а неговата цена беше 7.650.000 долари. Ова е и најскапиот американски автомобил проаден во 2019 година. Ова е осмиот од 12 направени и првиот ос само пет кои се Rodster.

На крајот повторно 250-ка. Од првите седум дури три се 250-ки, а повторно се работи за GT SWB Berlinetta и овој е од 1963 година. Моделот е напрвен од произведувачот на каросерии, Scaglietti. Изработени се 96 примероци SWB Berlinetta. Претходниот сопственик бил познатиот актер, Николас Кејџ. Цената е 7.595.000 долари.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK