Seat во Франкфурт ќе го „крсти“ новиот СУВ, а таму…

ОБЈАВЕНО НА:

Франкфурт е важен за Seat бидејќи тука треба да биде објавено името на новиот СУВ што претходните месеци во јавноста имаше натпревар за добивање на име. Но, од друга страна шпанскиот производител ги објави и првите детали за своето учество во Франкфурт.

Два од главните моменти на штандот на компанијата ќе биде јавните премиери на целосно новите Arona и Leon CUPRA R. Со својата премиера во Франкфурт, новиот SEAT Leon CUPRA R не е само најмоќната понуда во историјата на шпанската компанија, туку и најексклузивната. Во ограничената серија ќе бидат вклучени само 799 единици, а клиентите ќе можат да избираат меѓу две модификации- со шест брзински мануелен менувач и 310 КС и со роботизирана DSG менувач со 300 КС.

Моделот ќе има 310 КС

Leon CUPRA R ќе се одликува со специјално развиен аеродинамичен пакет со карбонски елементи во предниот и заден дел, спортски волан и менувач со тапацир Alcantara, нов издувен систем, избор меѓу три бои Midnight Black, Pyrenees Grey и ексклузивниот за оваа серијата Matte Grey .

Заедно со новата Арона ќе биде претставена и следна CNG модификација, овојпат на новата Ibiza. Автомобилот ќе има вкупно три резервоари – две за гас и еден за бензин, кој ќе гарантира автономија на движење од речиси 1200 километри со емисија на CO2 од само 88 грама на километар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK