SEAT тестира во Барселона користење на биометан од отпадоци

ОБЈАВЕНО НА:

Во Барселона стартуваше проектот Life Methamorphosis за производство на биометан од отпадоци, каде иницијативата е на SEAT. Со тоа се продолжува стратегијата на концернот Volkswagen за барање и користење на нетипични извори на автомобилско гориво, способни да ги заменат традиционалните ресурси како нафта и природен гас. Компанијата веќе има искуство во таа насока – од 2016 година досега SEAT почна да користи биометан од канализациски води.

За спроведување на новите тестови компанијата оддели засега три автомобили Leon и еден Arona. Секој од нив ќе помине по 30.000 тест километри на гас, добиен од ѓубре, по што инжинерите ќе ја проверат состојбата на моторите. Автомобилите кои работат со биометан исфрлаат 80% помалку јаглеродни оксиди отколку класичните со ДВГ.

Барселона „генерира” 2.500 тони ѓубре секој ден од кои во моментов се преработуваат до 40%. Ако се користи нов начин на производство на биометан и се преработува 100% ѓубре со него градот би можел да обезбеди гориво за 10.000 возило со можност за поминување на 15.000 километри годишно. Сите се со далеку пониски емисии на штетни гасови.

Во понудата на SEAT сега се нудат следните модели на метан: Mii, Ibiza, Arona и Leon. Последен е Leon, кој пред скоро време беше модернизиран по примерот на обновениот Golf на метан – место претходните два балони за гас, под подот сега се наоѓаат три, а предниот мотор 1.4 TGI (110 коњски сили , 200 Нм) е заменет со посовремен и поефективен 1.5 TGI Evo (130 коњски сили, 200 Нм).

Балоните можат да примат 17,3 кг метан, што дозволува минување на 440 километри според циклусот WLTP. Резервоарот за бензин на автомобилот е деветлитарски и додава уште 140 километри можност за возење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK