Seat Tarraco со премиера на 18. септември (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Долго најавуваниот најнов SUV на Seat, Tarraco и официјално премиерно ќе биде претставен на 18 септември. Шпанскиот производител сепак се реши со претпремиера на посебно организиран настан во пресрет на светската саемска премиера закажана за саемот во Париз во октомври годинава.

Создаден на MQB платформата, Tarraco ќе биде позициониран над Ateca и ќе има за цел да го зголеми пазарниот уддел на VW Групацијата во SUV сегментите.

Од претходно достапните информации кои ќе се збогатат по премиерата, Tarraco е долг 4.73 cm и има капацитет на багажниот простор од неверојатни 760 литри. Ваквите димензии повеќе од сигурно дека ќе обезбедат одличен простор за патниците и комфорност на далечни патувања.

Seat Tarraco

Во однос на понудата на мотори, овој модел ќе биде понуден со 1.5 литарски TSI мотор со 150 КС, 2.0 литарски исто така бензински мотор со 190 КС како и дизелски 2.0 мотор достапен со 150 КС и 190 КС.

Исто така овој автомобил ќе биде достапен во верзија со 5 и 7 седишта како и со 6 степен мануелен менувач и DSG автоматски менувач. Како опционална опрема доаѓа и инструменталната табла како и погонот на две односно четири тркала.

Треба да се напомене дека во именувањето на овој модел можеа да учествуваат сите вљубеници во автомобилизмот. Така во рамките на #SEATseekingName кампањата од фановите на SEAT беа примени вкупно 133.332 предлози од 106 држави, а предложени беа 10.130 различни имиња на шпански места во склад со насоките кои што ги дефинираше брендот. На крајот во конкуренција на Alboran, Aranda, Avila и Tarraco како најдобар назив беше избран Tarraco.

Со новиот SEAT Taraco, компанијата го засилува своето присуство во SUV сегментот каде веќе ги има Ateca и Arona. Офанзивата на шпанскиот бренд започна во 2016-та со претставувањето на Ateca и продолжи во 2017-та со редизајнот на Leon, петтата генерација на Ibiza и новиот Arona кросовер.

Сепак шпанскиот производител не застанува тука и најавува глобална експанзија која има за цел да ги освои сите брзо растечки пазари вклучувајќи го и оној во Кина, каде VW Групацијата во наредниот период ќе напаѓа и со чешкиот бренд Skoda.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK