SEAT стартуваше со продажбите на електричниот скутер (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот производител од Шпанија, Seat означи почеток на новата фаза во стратегијата за лансирање на иноваицски решенија за мобилност со пазарното лансирање на електричниот скутер, MÓ eScooter 125.

Со футуристички дизајн, SEAT MÓ eScooter 125 комбинира електричен мотор со моќност од десет коњски сили (12 коњски сили максимум) и литиум-јонска батерија со капацитет од 5,6kWh, со најавената од компанијата автономност за движење до 137 километри.

Полнењето на батеријата може да биде извршено со целосно одвојување од главната структура и прикачување кон домашната електрична инсталација или друг извор на енергија. Батеријата може да биде наполнета и директно, без да се вади, но за тоа се неопходни од 6 до 8 часа во домашни услови.

SEAT MÓ eScooter 125

MÓ eScooter 125, кој нуди работа во три основни режими: Eco, City и Sport, е во состојба да понуди забрзување од 0 до 50 км/ч за 3,9 секунди, како и максимална брзина на движење од 95 км/ч.Електричниот скутер на Seat прво ќе се најде на пазарот во Шпанија во ноември по цена од 6.250 евра, а на другите основни европски пазари ќе се најде во текот на следната година.

MÓ eScooter 125, кој нуди работа во три основни режими: Eco, City и Sport, е во состојба да понуди забрзување од 0 до 50 км/ч за 3,9 секунди, како и максимална брзина на движење од 95 км/ч.

Електричниот скутер на Seat прво ќе се најде на пазарот во Шпанија во ноември по цена од 6.250 евра, а на другите основни европски пазари ќе се најде во текот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK