SEAT со нов модел за работа од дома

ОБЈАВЕНО НА:

За време на коронавирусот SEAT им овозможи на над 5.000и работници да работат од дома. Кога навидум работите се нормализираа сите тие се вратија на своите работни места.

Шпанскиот производител сега го претстави новиот модел за работа од дома именуван како “Smart Work” кој прави баланс помеѓу работните обврски и домашното задоволство.

“Постојаното подобрување, професионалниот раст и благосостојбата на вработените се приоритети за SEAT” изјави Хавиер Рос, заменикот директор на секторот за човечки ресурси и организација.

Новиот модел за работа од дистанца ја користи напредната технологија, а засега се пријавија нешто над илјада работници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK