Од компанијата Seat открија нови детали за стратегијата за следните неколку години, како и главните позиции во кои се поврзани со електрификацијата на портфолиото.
Меѓу главните акценти за следните неколку години на Seat ќе бидат трансформирањето на концепцискиот проект Cupra Tavascan во сериски модел, кој е планирано да се случи во 2024 година, лансирањето на целосно новиот 100% електричен градски модел во 2025 година, стартувањето на продажбите на овновените Ibiza и Leon во текот на оваа година и други.
Новиот компактен градски електромобил на Seat ќе биде позициониран со цена меѓу 20.000 и 25.000 евра.
„Сакаме да приизведуваме електрични автомобили во Шпанија од 2025 година. Нашата амбиција е да произведуваме повеќе од 500.000 градски електрични автомобили на годината во Марторел за Volkswagen Group, но имаме потреба од јасна позиција на посветеност од страна на Европската комсисија“, вели Вејн Грифитс, кој е претседател на Seat.
Плановите на компанијата предвидуваат воведување во продажба на вториоот целосно електричен автомобил на Cupra Tavascan, да се случи во 2024 година. Во текот на оваа година може да се очекува лансирање на првата таква Cupra Born.