Seat со први тизер фотки за Arona SUV

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот СУВ на Seat треба да биде позициониран под моделот Ateca, a се досега немаше никакви официјални најави за неговиот изглед. Сега шпанскиот бренд на социјалните мрежи објави една тизер фотографија што покажува силуета на надворешниот изглед на Arona.

Тизерот се појави викендов на твитер налогот на Seat Ирска, со порака „ќе пристигне во Ирска во ноември“. Овој тизер покажува дека малиот СУВ ќе има заеднички делови како поголемиот брат, и „ибица изглед“.

Но, од оваа фотка и неможе многу да се види, освен да се претпостави дека изгледа како кросоевр, а бидејќи сликата е затемнета неможе да се спореди предниот изглед, светлата и другите детали и дали тие се идентични како и новата Ibiza.

Arona треба да ја користи MQB платформата, која ја има и кај Ibiza. Двата модели ќе ги делат и погонските агрегати, што значи дека Arona ќе ги користи 1.0 TSI со 95 Кс или 115 КС, исто како и 1.6 литарскиот TDI дизелски мотор што го има и кај Ibiza со 80 КС, 95 КС или 115 КС.
Дали ќе го има новиот 1.5 литарски TSI засега нема најава.

Ако Аrona навистина треба да пристигне во продажните салони до крајот на годината тоа значи дека би требало да биде покажана на саемот во Франкфурт во септември.
Aronа ќе биде предизвикувач на VW T-Roc, Оpel Mokka X, Renault Captur, Nissan Juke и Peugeot 2008

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK