сабота, 25 ноември, 2025 година

Seat подготви дигитален кокпит и за Arona и за Ibiza

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Шпанскиот производител на автомобили, SEAT објави дека моделите Arona и Ibiza ќе добијат нов дигитален кокпит, кој ветува дека ќе понуди разновидност и можност за персонализација на информациите што се дадени на контролната табла со информации.

После Leon и Ateca,и идните сопственици на SEAT Arona и Ibiza ќе добијат можност да сметаат на работата на новиот електронски борд систем, кој располага со 10,25-инчен програмски дисплеј (1280×480). Тој му дава можност на возачот, но и на другите патници, да добиваат визуелни податоци од стандардните уреди за мерење како за брзината, така и за бројзачот за вртежи. Има и слики од системот за навигација и друго.

- Advertisement -

Дигиталниот кокпит на SEAT ќе нуди работа во три основни режими – Classic, Digital и Dynamic View, а секој од нив може да биде персонализиран дополнително, со можност за приказ на податоци од системот за навигација, аудиосистемот, побрзан мобилен телефон, активни асистирачки системи, актуелна состојба на автомобилот и други.

Системот на шпанскиот бренд исто така овозможува и складирање на кориснички интерфејси, а секој од трите основни режими поддржува до три персонализирани екрани.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја