Шпански Seat објави дека од вкупно 10.130 предлози што пристигнаа до претпоследната фаза на анкетата #SEATseekingName за името на целосно новиот SUV модел одбрани се 9 предлози.
Полуфиналисти се имињата: Abrera, Alboran, Aran, Aranda, Avila, Donosti, Tarifa, Tarraco и Teide, а финалистите ќе бидат објавени на 12 септември за време на меѓународниот саем во Франкфурт. Потоа од 12 до 25 септември, ќе биде спроведено јавно гласање со прогласување на победникот до 15 октомври.
Од SEAT коментираат дека и деветте прифатени до полуфиналето имиња одговараат на основните услови на иницијативата #SEATseekingName, да ги има во името вредностите и производниот идентитет на брендот, и да се поврзани со шпанската географија
Од 1982 година, досега во портфолиото на SEAT биле вклучени вкупно 13 модели, имињата на кои се поврзани со географски области во Шпанија – Ronda, Ibiza, Malaga, Marbella, Toledo, Inca, Alhambra, Cordoba, Arosa, Leon, Altea, како и најновите Ateca и Arona.