Seat Leon се најде на агендата на Euro NCAP краш тестот за тестирање на безбедноста и сигурноста на оваа нова генерација. Моделот опремен со 1,5 литарски бензински мотор и Xcellence ниво на опременост, очекувано, ги доби максималните пет ѕвезди.
Најдобар скор овој автомобил оствари во однос на безбедноста на возачот и тоа од 92%. Има 88 % во однос на безбедноста на патниците на задната клупа, односно децата.
Во поглед на безбедноста на пешаците оствари скор од 71% додека во поглед на безбедносната асистенција на возачот одлични 80%.
Краш тестот можете да го погледнете во продолжение.