Seat Leon со нов продажен рекорд

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот автомобилски производител Seat објави дека за помалку од пет години по лансирањето на пазарот, актуелната генерација на Leon стана најпродаван во историја на моделот. Реализирана продажба во моментот е 682.567 возила, а вкупниот број на продадени возила во периодот од 1999 и 2005 година е над 1.893.000 автомобили.

“Третата генерација на Leon е пресвртна точка за Seat и е еден од главните мотори на промената”, коментира Вејн Грифитс, потпретседател на одделот за продажба и маркетинг на Seat.
“Тоа е нашиот најпродаван автомобил и ни помогна да направиме голем чекор напред“

Од првата генерација на Seat Leon, создадена од Giugiaro и промовирана на пазарот во 1999 година, се продадени 534 .797 возила до 2005 година. Втората генерација, дело на Волтер де Силва, е претставена во 2005 година на салонот во Барселона, а продадени се 675. 915 возила за осум години

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK