SEAT ќе тестира 15.000 вработени – производството продолжува следната недела

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот гигант SEAT е првата фабрика во Шпанија која ќе спроведе целосно тестирање, на сите вработени пред рестартот на производството. Единствениот шпански производител на автомобили во официјалното соопштение потврди дека ќе изврши тестирање на сите 15.000 вработени користејќи го PCR тестот за дијагноза.

Тестирањето ќе биде спроведено во специјален дел од фабриката кој е соодветно опремен, а во кој на неделно ниво ќе се спроведуваат повеќе од 3.000 тестови.

Напоредно со тестирањето ќе бидат пуштани во употреба и производствените погони. Првиот погон ќе стартува со работа од 27 април, а кон крајот на мај, најдоцна почетокот на јуни треба дастартуваат сите производствени погони.

Инаку во оваа фабрика покрај моделите Ibiza, Arona и Leon на SEAT се произведува и новата генерација на Audi A1.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK