Seat ќе му конкурира на Porsche

ОБЈАВЕНО НА:

Seat има амбициозни планови за во иднина. Еден од тие е правење на електрично возило што доколку добие зелено светло од менаџментот би требало да се појави во 2019 година. Но, шпанскиот бренд сака повеќе да влезе во битка со производителите на спортски кросовери.

Според Лука ди Мео, шефот на Seat, тие би сакале да креираат спортски кросовер што би бил конкуренција на Porsche Macan, Jaguar F-Pace и другите.

Концептот би бил како Macan, мешавина на спортски автомобил и СУВ, потврди де Мео. Новиот СУВ би била перјаница на брендот, и позициониран меѓу моделите Ateca и Arona. Би располагал со 300 КС, а се очекува да биде со понуда 5+2 седишта.

Спортскиот кросовер би требало да дебитира 2019 година, а за да се направи место за него во семејството на Seat, ќе биде укинат моделот Toledo, чија продажба засега не е задоволителна.

Во моментов нема можен изглед на новиот спортски кросовер, но насоката во кој аби се движел дизајнот може да се бара во моделот 20V20 концептот што беше претставен лани во Женева. Треба да ја користи истата платформа како и Skoda Kodiaq, иако ќе биде нешто помал, а хибридната и електрична верзија треба да следи во 2021 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK