SEAT ќе инвестира 5.000.000.000 еврa до 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Seat беа објавени идните планови на брендот, а информациите кои беа соопштени велат дека намерите се да бидат инвестирани 5 милијарди евра во развојот на нови автомобили, објекти и опрема за погоните во Марторел и Барселона во следните пет години.

Главниот акцент во идните инвестиции на Seat ќе биде ставен на електрифицирањето на понудата како еден од првите основни чекори кои ќе бидат направени со спортскиот електромобил el-Born, кој е лансиран на пазарот, како дел од портфолиото на брендот Cupra.

„Овој инвестициски план е нашиот начин за да се справиме со иднината со решителност и оптимизам така што имаме силна, но и упте поиновациска и поодржлива компанија. Нашата решеност е тоа Марторел да произведува електрични автомобили од 2025 година, кога пазарот на електромобили веќе ќе биде развиен“, вели Карстен Исенсе, претседател на Seat.

„Cupra el-Born ги демонстрираше сите гени на брендот Cupra и е жив доказ за тоа дека спортските перформанси и електрификацијата се одлична комбинација“, вели Вејн Грифитс, извршен директор на Seat.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK