За ова возило се вели дека е најбезбедниот автомобил во историјата на компанијата.
Новиот автомобил на SEAT, регистриран под името Seat Leon Cristobal е возило коешто ќе треба да ги намали несреќите на патиштата. Наречено во чест на Свети Христофор (Cristobal), кој во Шпанија е заштитник на возачите покажа одлични перформанси, а беше покажан и на изложбата Smart City Expo.
Луѓето што работат за SEAT при истражувањата дошле до бројки кои велат дека околу 30 проценти од несреќите во Европа се случуваат поради возење со поголема брзина од дозволеното. Дури 36% поради одвлекување на вниманието, на пример со телефон, а 25 отсто поради употреба на алкохол или наркотици. Се смета дека со автомобили како што Seat Leon Cristobal ова ќе биде целосно намалено.
За ова возило се вели дека е најбезопасниот автомобил во историјата на компанијата. Во SEAT сметаат и дека ако половина од автомобилите на патот имаат подобра опрема тогаш несреќите ќе бидат намалени за барем 40 проценти.
Leon Crtistobal има и сензори кои дозволуваат моторот да почне со работа само доколку сите патници се врзани, а возачот успешно ја минал проверката на алкотестер. Притоа нема можност да дува некој од другите патници бидејќи очите на возачот се следат со камера.