Seat го продолжи производството во Каталонија

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот производител Seat поради протестите и немирите во Каталонија пред неколку денови го прекина производството во фабриката во Марторел, но сега објави дека производството го продолжува.

Seat се одлучи да го стопира привремено производството како превентивна мерка со цел да не се наруши ланецот на снабдување односно поради евентуална неможност локалните добавувачи да не ги достават потребните материјали.

Истовремено, поради бројните протести и присуството на специјалните сили, одредени работници имаа потешкотија за доаѓање на работното место, па менаџментот одлучи да донесе ваква непопуларна мерка.

Во наредниот период ќе мора сите да работат напорно бидејќи поради овој застој во моментов како недовршено производство се водат дури 3.500 автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK