понеделник, 26 јануари, 2026 година

SEAT го има првиот електромобил: До 2020 година со 500 километри автономност

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

После објавувањето на годишните резултати од SEAT открија и детали во однос на натамошниот развој на компанијата и на нејзината продуктивност. Од SEAT ветуваат дека до 2020 година фирмата ќе пушта по еден нов модел на секои шест месеци, а првите две нови предложенија ќе бидат целосно новото Tarraco и CUPRA Ateca, кои ќе бидат лансирани на пазарот пред крајот на оваа година.

За следната година веќе се планира лансирање на пазарот на новата генерација на Leon и тоа во две верзии. Едната ќе биде со пет врати, а другата комби. Во 2020 година, пак, ќе биде видена првото целосно електрично возило во историјата на SEAТ.

- Advertisement -

Ова возило ќе биде изработено на база на модулната МЕВ платформа и ќе даде можност за поминување на 500 километри во чисто електричен режим. Исто така за две години ќе биде видена и новата генерација на Leon во хибридна верзија.

„Можеме да бидеме задоволни од резултатите за 2017 година, но не треба да сме задоволни. Сега е време да погледнеме кон иднината и да ги продолжиме амбициите за развивање“, вели претседателот на SEAT, Лука де Мео.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја