Seat автомобилите ќе возат низ Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Она за што се збореше подолг период сега се официјализира – Seat автомобилите ќе се продаваат во Кина почнувајќи за најдоцна три години од денес.

Ова следи откако во Шпанија беше потпишан договор за заедничко вложување помеѓу претставници на Volkswagen Групацијата, Seat и кинеската компанија JAC кој веќе и во моментов произведува автомобили од брендот на Volkswagen.

“Потпишувањето на овој договор е чекор напред за стратешко планирање и глобализација на брендот Seat. Со воведување на нашиот бизнис во Кина, ние ја подобруваме иднината на компанијата и електричната мобилност во исто време” изјави Лука де Мео, претседателот на Seat, во рамките на церемонијата на потпишувањето на договорот.

Засега не е познато точно кои се модели на Seat ќе се продаваат во Кина, но кои и да се тие модели, истите ќе бидат не многу различи од моделите што ги нуди новиот Jetta бренд на Volkswagen. Овој бренд кој беше премиерно претставен оваа година веќе ги нуди моделите VS5 и VS7 кои се речиси идентични како Seat Ateca и Seat Tarraco.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK