Премиум брендот на најголемиот јужнокорејски производител Hyundai Motors бележи одлични продажни перформанси на домашниот пазар, надминувајќи ја продажбата на Mercedes и BMW.
Така во првите седум месеци во Јужна Кореја успеа да продаде 60.006 примероци од моделите на овој бренд што е неверојатен пораст од 65% во споредба со истиот период минатата година.
Со оваа бројка, Genesis го надмина Mercedes кој продаде 41.583 автомобили на овој пазар додека со 29.246 автомобили на третата позиција се наоѓа BMW, соопшти KoreaHerald.
Најголема продажба на овој пазар за Genesis изгенерира моделот GV80 кој воедно е првиот SUV модел на овој бренд. Истиот е продаде во нешто повеќе од 24 илјади примероци.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]