Се здружуваат Mitsubishi, Nissan и Honda

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонците ќе работат заедно на софтверот, а во подоцнежна фаза се размислува за заеднички развој на самите автомобили

Nissan и Honda ќе го додадат и Mitsubishi во нивниот сојуз. Спојувањето меѓу јапонските компании ќе им помогне да ги намалат трошоците за развој на автомобили и да се борат против растечката кинеска автомобилска индустрија, соопшти Никеи Азија, цитирајќи добро упатени лица. Заедно, Nissan, Honda и Mitsubishi произведуваат повеќе од осум милиони автомобили годишно.

Јапонците, како што велат експертите, немаа време да се прилагодат на пресвртот кон „зелената“ мобилност во Кина, што доведе до голем пад на побарувачката за автомобили со мотори со внатрешно согорување на најголемиот светски автомобилски пазар.

Mitsubishi Motors, кој е во 34 отсто сопственост на Nissan, ќе разговара за деталите за стратешкото партнерство со Honda и Nissan. Трите јапонски автомобилски гиганти имаат намера да започнат со стандардизирање на софтверот во внатрешноста на возилата познавачите на ова прашање. Сепак, тие можат да одат понатаму, па на дневен ред се поставува и прашањето за заеднички развој на самите автомобили.

Honda и Nissan најавија сеопфатно партнерство во март годинава. Ова се случува бидејќи Nissan постојано го губи уделот на пазарот во САД и Кина, најважните региони кои сочинуваат приближно половина од неговата глобална продажба. Во јуни, Nissan дури беше принуден да ја затвори фабриката во Чангжу, Кина.

Honda се мачи и во Кина. Минатата недела објави дека ќе затвори неколку линии, намалувајќи го локалното производство за околу една третина. Причините се поврзани со жестоката конкуренција во Кина од домашните брендови како и од Tesla, која произведува електрични автомобили во својата гигафабрика во Шангај.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK