▶️ Директен пат до мулти-милионски бестселер: над 13,6 милиони Opel Corsa продадени за 37 години ▶️ Пионер: Opel воведува врвни технологии од повисоките класи во мал автомобил ▶️ Подготвен за иднината: Corsa број шест исто така со електрична верзија за прв пат ▶️ Светска премиера: новaта Corsa и Corsa-e на саемот за автомобили IAA во Франкфурт 2019 година
Уште од нејзиното претставување во 1982 година, малата Corsa беше успешна приказна за Opel. До денес, повеќе од 13,6 милиони возила излегоа од производната линија. Со светската премиера на новата Opel Corsa на Меѓународниот автомобилски саем IAA Франкфурт 2019 (отворен од 12 до 22 септември), најпродаваниот мал автомобил сега го отвора шесто поглавје. Како и обично со многу технологии кои клиентите инаку ги знаат само од повисоки класи на возила и оптимално опремени за сите идни барања. Opel Corsa за прв пат е достапна и во чисто електрична верзија.
Прв дел: 1982 до 1993 година
Corsa A се карактеризираше со пропорции во должина од само 3,62 метри. Беше со задебелени лакови со тркала како рели автомобил и исклучително низок коефициент на аеродинамика од 0,36 што беше веројатно рекорден за својата класа. Главниот дизајнер Ерхард Шнел создаде спортски мал автомобил со јасни, извајани линии, со намера да му се допадне особено на „главата во куќата“. Врв на понудатат беше Corsa GSi од 100 КС, а воведен е и дизелски мотор. Понудата со две врати беше проширена во 1985 година со додавање на популарниот модел и верзија со пет врати. Corsa А стана високо ценет, најпродаван модел со 3,1 милиони единици.
Втор дел: 1993 до 2000 година
И покрај успехот на Corsa број 1, донесена е одлука во Риселхајм да го постави наследникот како вистински „миленик на дамите“. Легендарниот дизајнер на Opel, Хидео Кодама започна да работи и создаде многу заоблена, помека Corsa, со привлечни светла кои совршено се вклопуваат во симпатичниот детски изглед. Corsa B беше десетина сантиметри подолга и многу попространа во внатрешноста од претходникот. Исто така, воведе повисоки безбедносни стандарди во својот сегмент, вклучително АБС сопирање, заштита од несакани удари и предни воздушни перничиња. За специјални пазари, веднаш до хечбек верзијата, Opel повторно понуди ночбек, како и караван верзија и пик-ап варијанта. Бензинските мотори веќе имаа технологија за вбризгување на гориво и каталитички конвертори, додека GSi имаше 16 вентили, а дизел моторот сега беше со турбо-полнач. Втората Corsa беше успешна ширум светот, а продажбата стигна до четири милиони.
Трет дел: 2000 до 2006 година
Во духот да не се менува победничкиот тим, Хидео Кодама повторно беше замолено да го дизајнира обликот на Corsa C. Стилот беше свесно ориентиран кон неговиот успешен претходник. Corsa повторно порасна за десет сантиметри во должина и имаше поширок став со подолго меѓуоскино растојание, што значително го зголеми внатрешниот простор. За прв пат, шасијата беше целосно галванизирана. Софистицираните четири-вентилски ECOTEC бензински и новите турбо дизел мотори со директно вбризгување обезбедија висока моќност, мала потрошувачка на гориво и најниски вредности на емисија – сите варијанти веќе ги исполнија Еуро 4 стандардите. Corsa C исто така стана ѕвезда со продадени 2,5 милиони единици.
Четврти дел: 2006 до 2014 година
Отсега, верзиите со три и пет врати се разликуваат: Corsa со три врати има уникатен, купе-стил, насочен кон спортскиte клиенти, исто како и оригиналниaтa Corsa A. Варијантата со пет врати станува пространа, целосно семеен автомобил. Corsa D имаше помалку од четири метри во должина, порасна на точно 3,999 метри. Со ecoFLEX технологијата на Opel, Corsa имаше системи за старт / стоп заштеда на горивото и високо ефикасни мотори. Онаа 1.3 CDTI ecoFLEX верзијата трошеше само 3,3 л/100 км во текот на комбинираниот циклус и испушташе само 88 г/км CO2. Четвртата генерација на Corsa продаде над 2,9 милиони единици.
Петти дел: 2014 до 2019 година
Динамична, практична и стилска, Corsa E е исто така бестселер со околу 1,2 милиони продадени единици до денес. Петтата генерација се произведува и во погоните на Opel во Сарагоса и во Ајзенах како варијанти со три врати и пет врати. За прв пат, малата ѕвезда со должина до четири метри, нуди голема удобност и врвни технологии во должина од 4,02 метри. Управувач што се грее, греење на седиштата и автоматската контрола на климата се секако во понудата, како и предната камера со индикатор за оддалеченост, препознавање на сообраќајни знаци и Lane Keep Assist. Возачите на Corsa се оптимално поврзани со инфо-систем преку Apple CarPlay и Android Auto, вклучително и со седум-инчен екран во боја чувствителен на допир. Спортскиот модел што е врв на понудата на на малиот автомобил првично има 152kW (207 КС) Corsa OPC, а подоцна и Corsa GSi со 110kW (150 КС).
Шести дел: 2019 година – воведена електрична верзија
Opel напредува со полна брзина во иднината со Corsa број 6. Најновата генерација на малиот автомобил, која ќе ја прослави својата светска премиера на годинашниот меѓународен саем во Франкфурт, е исто така достапна како целосно електрична верзија за прв пат. Вистински белег е адаптивниот сноп на светлина на матрикс IntelliLux LED® светлата без отсјај, што Opel ја нуди и за прв пат во сегментот на мали автомобили. Покрај тоа, постојат бројни најсовремени системи за помош, како што се предупредување за судир со автоматско сопирање во итни случаи и детектирање на пешаците, како и адаптивна контрола на брзина што го прави возењето уште побезбедно и порелаксирано. Со должина од 4,06 метри, управувањето на Corsa со пет места и практичноста остануваат за пример. Линијата на купе на покривот е за 48 милиметри пониска од претходната – без никаква штета на просторот за глава. Возачот седи за 28 милиметри пониско. Нискиот центар на гравитација придонесува за добро возење и управување. Новата Corsa е подиректна и подинамична – за повеќе забава зад воланот.
Соопштение на Опел Македонија