Се враќа ли Lancia? Ова е новата Ypsilon

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанските меидуми објавија слика од како што велат новата Lancia Ypsilon која премиерно треба да биде претставена веќе следната година. Според пишувањата, станува збор за целосно нов модел развиен со цел да ја замени актуелната трета генерација. Во понудата треба да дојде со истите мотори како и новиот Fiat 500, а токму и на платформата од овој модел ќе се базира четвртата генерација на Ypsilon.

Инаку Ypsilon веќе подолго време е единствениот модел во понудата на Lancia и се продава исклучиво во Италија. Сепак и покрај тоа на годишно ниво Lancia генерира поголема продажба отколку Alfa Romeo во цела Европа, а оваа година по Dacia има најголем процентуален раст на продажбата во Италија.

Четвртата генерација во производство треба да се појави во 2021 година со почетна цена од 14.500 евра. Она што се согласни сите италијански медиуми е дека покрај во Италија, FCA овој модел конечно ќе го понуди и на останатите европски земји со посебен акцент на Франција, Шпанија и Германија со што овој бренд повторно ќе се врати на големата европска автомобилска карта.

За потсетување, во 2012 година под раководство на сега починатиот Маркијоне, FCA донесе одлука Lancia да се повлече од странските пазари и да се продава само во Италија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK