Се спремате за одмор – што смеете да внесете во Грција

ОБЈАВЕНО НА:

Со завршување на училишната година почнува периодот кога сите забрзано планираат заминување на одмор. Некои порано, некои подоцна, и секогаш главен фактор е како со зголемувањето на цените да се издржи подолго време на море. Грција е најчестата дестинација за македонските туристи, и сакајќи да се помине поевтино често багажниците се полнат со многу продукти – за да траат подолго. Но, секоја земја има свои царински пропис што важат за влегување, и што може секој патник да внесе во земјата.

Кога се подготвувате за на одмор во Грција треба да знаете дека е забранет внес на месо, млеко и млешни производи. Не е дозволено ниту носење на подготвени или пржени јадења и намирници што се лесно расипливи.
Сепак има работи кои можете да ги понесете со себе со ограничени количини, ако веќе сакате самите да си подготвувате јадење.

Можете да понесете до 5 (пет) колограни свежо овошје и зеленчук (без компири), до два килограми млеко во прав за бебиња или храна за бебиња, или храна за посебни потреби, како и до два килограми храна за важите миленици. Секако можете да понесете и ориз, кечап, готови јадења, макарони, кекс, чоколади, вода, сокови.. и сето тоа во вредност на овие намирници не поголема од 300 евра по патник, односно 150 евра за помлади од 15 години.

Патниците кои доаѓаат од земји што не се дел од ЕУ, како што е Македонија кои патуваат по копнен пат, можат без пријавување да понесат со себе:
* 40 цигари или 20 цигари и 50 грама титун (највиоскиот дозволен лимит е 200 цигари)
* еден литар жесток пијалок (преку 22 отсто) или два литри жесток пијалок (под 22 отсто) или два литри вино.
* 50 мл. парфем и 250 мл. колонск авода.
* до 10.000 евра во готовина

Кога патувате со малолетни дец, не можете да сметате дека може да внесете повеќе алкохол или цигари бидејќи при ограничувањата не се смета дека тоа се однесува за лица помали од 18 години, Тие воопшто не смеат ова да го внесуваат.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK