Највисоката брзина на автомобил што била досега постигната е 1227 км/ч. и тоа постигната пред 20 години. Сега се работи на нов рекорд кој би требало да овозможи да се постигне брзина од 1609 км/ч. со помош на ракетен мотор. Проектот почна да се развива пред девет години, но остана недовршен поради немање спонзори. Сега е време да се постигне посакуваното.
Bloodhound SSC 2019 овој рекодр би требало да го постави во 2019 година. Сега е постигната брзина од 320 км/ч. и тоа за само осум секунди. Тестирањето било направено во В.Британија каде условите дозволуваат да се стигне до оваа граница.
Возилото тешко пет тона ќе се вози на патека на исушеното езеро во Јужноафриканска република. Ќе го управува Енди Грин, воен пилот кој пред 20 години го постави рекордот од 1227 км/ч.
За остварување на поставената цел на возилото му треба хибриден ракетен мотор, и ќе треба да има посебни алуминиумски дискови.
Следната цел е поставување на брзина од 1126 км/ч.