Се сеќавате ли на моделот Corrado на Volkswagen? Овој модел во понудата на германскиот производител се наоѓаше во периодот од 1988 па се до 1995 година.
Сега, нешто повеќе од 20 години подоцна, на интернет се појавија рендери од можниот изглед на втората генерација на овој модел. Рендерите доаѓаат од рускиот интернет сајт Kolesa.ru кој неколку пати во изминатите две-три години ги “погаѓаше” изгледите на некои нови модели.
Во основата на овој модел се наоѓаат дизајнерски елементи од новата, осма генерација на Volkswagen Golf. Задниот дел е инспириран од оригиналниот модел на Corrado од 90-те години.
Засега нема официјални потврди од Volkswagen дали планира да започне со производството на овој модел, а доколку се случи тоа сигурно дека нема да биде дел од глобалната понудда на Volkswagen.