Need for Speed: Underground долго време беше најпопуларната игра. Underground се појави во 2003 година и ја навести успешната приказна на оваа серија на игри на EA Games.
Најголем дел од децата и тинејџерите (сега возрасни) родени во кон крајот на 80-те и почетокот на 90-те деноноќно ја играа оваа компјутерска игра, а сигурно има и такви кои сеуште од носталгични причини ја играат.
Но дали знаете и дали се сеќавате кои се автомобили беа дел од оваа легендарна игра? Ние можеме да ви ги наброиме Acura Integra Type R, Dodge Neon, Honda S2000 и Mazda RX-7, а во продолжение се прикажани сите автомобили кои беа дел од оваа игра.