Сè се менува, па и легендарниот Jeep ќе вози на струја (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Jeep и својата икона, робусниот Wrangler го претвори во автомобил кој ќе можно да вoзи на струја. Plug-in хибридниот Wrangler 4xe пристига на пазарот на Европа, САД и Кина на почетокот на идната година.

После Compas и Renegade, и легендарниот Wrangler доби plug-in хибридна верзија. Во Jeep тврдат дека се работи за најспособниот, најнапредниот и еколошки неприфатливиот Wrangler во историјата.

Погонот се состои од два електромотори и дволитарски бензински агрегат со 272 коњски сили. Вкупната сила на составот се импресивни 381 коњска сила со вртежен момент од огромни 637 Nm. Сето тоа овој автомобил го прави најсилниот Wrangler во понудата. Капацитетот на батеријата е 17 kWh и според фабричките податоци автомобилот на струја може да помине 40 километри.

И покрај струјата, теренските својства се врвни. Комплетната електрична исталација е заштитена од вода така што автомобилот и понатаму може да вози низ дури 76 сантиметри длабока вода.

Електричните мотори помагаат и за погон на сите тркала кои е уште подобар отколку кај оригиналот. Автомобилот во Европа доаѓа на почетокот на 2021 година, а цената сè уште не се знае.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK