Се роди нова автомобилска марка во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

За време на саемот во Пекинг свое деби направи новата автомобилска марка од Кина – Aiways. Кинезите решиле да го подобрат имиџот на новата фирма со помош на Германецот Роланд Гумперт. Тоа е инженерот, кој се прочу по создавањето на суперавтомобилот Gumpert Apollo.

Првата творба на Aiways е кросоверот со име U5 Ion. Се работи за електричен џип со батерија, која се наоѓа на подот на салонот.

Засега можностите на електромоторот и на акумулаторите се чуваат во тајност. Дизајнот е современ, но, сепак, на човек му треба уште време за да се навикне на него. Меѓу партнерите на Aiways се гигантите како Bosch и Siemens.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK