Се разведоа уште пред да се земат – ништо од спојувањето на Ford и Mahindra

ОБЈАВЕНО НА:

Во октомври 2019 година Ford и Mahindra сензационално го најавија своето спојување со цел заеднички настап на пазарот во Индија. Сепак во последните часови на минатата година откажан е планот за заедничко вложување.

Точната причина за овааа одлука не е откриена, а двете компании во своите соопштенија наведоа дека истата е донесена по низата анализи, но и поради фундаментални промени во глобалната економија и бизнис окружувањето.

Со одлуката донесена на 31 декември 2020 година, Ford и понатаму ќе продолжи самостојно да делува во Индија, но соработката со Mahindra и натаму продолжува.

Така во новиот Ecosport кој доаѓа на средината на оваа година, ќе биде вграден 1,2 литарскиот TGDI мотор развиен од Mahindra, а 2,0 литарскиот мотор од индијскиот прозиводител ќе биде дел и од Ford C-SUV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK