DeLorean е компанија која кај нас е позната по моделот DMC-12 кој ја имаше главната улога во серијалот играни филмови “Враќање во иднината”. Токму овој модел беше еден од најпопуларните автомобили во 80-те години во САД, но поради банкротот на компанијата не прежива долго време.
Денес, автомобилот на DeLorean иако некои сигурно ќе го прогласат за еден од најлошите, предизвикува големо внимание. Последната вест се однесува на два пронајдени примероци моделот DMC-12 кој сега се ставени на аукција.
Она што предизвика внимание е тоа што двата автомобили имаат мала километража. Едниот кој е произведен во 1981 година има поминато само 1.623 милји односно 2.612 километри.
Другиот автомобил кој е произведен во 1983 година има поминато само 14 мији односно 22 километри.
Цената на овие два автомобили и покрај малата километража не се воопшто високи поради фактот што се проценува дека низ гаражите на САД се наоѓаат околу две илјади непродадени примероци.
Инаку DeLorean Motor Company е основана на 24 октомври 1975 година од страна на Џон ДеЛореан. Компанијата банкротираше точно седум години подоцна откако не успеа да оствари позитивен финансиски резултат во ниту една од претходните години.