Аукциската куќа Bonhams ќе пушти на лицитација еден од десетте СУВ возила Land Rover Defender, кои беа направени специјално за 24. филм од серијалот за Џејмс Бонд.
За разлика од другите девет примероци, тој кој се продава е подготвен од страна на тјунинг ателјето SVO и ателјето Bowler. Автомобилот зема непосредно учество во акциските снимки.
Полното име на возилото е Land Rover Defender SVX ‘Spectre’ 4×4 Utility, а во основата му е продолжена модификација 110. Автомобилот е снабден со спортски амортизери Bilstein, како и 37-цолови тркала.
Седиштата Recaro и внатрешните ролни ја дополнуваат опремата. За моторот се погрижија специјалистите од Bowler, а моќноста е зголемена од 122 на 187 коњи. Максималниот вртежен момент е зголемен од 300 на 499 Нм.
Основната цена е 250.000 британски фунти.