Се продава шампионскиот болид на Михаел Шумахер (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Колекционерите секогаш со нетрпение чекаат на аукција да се појават оригинални болиди од Формула 1, бидејќи тие се вистинска реткост. Овојпат на менито не е само болид, туку станува збор за шампионското возило со кое Михаел Шумахер триумфираше во СП во 2001 година. Тоа беше неговата четврта титула, а 11 за тимот на Ferrari.

Се работи за најдоминантниот болид, кој завршил на подиум на секоја трка таа сезона. Постави многу рекорди на патеките, вклучувајќи го и оној во Зандорф кој беше ненадминат 16 години, се до пред некој месец.

Михаел Шумахер победи на девет од вкупно 17 трки таа сезона, и ја заврши сезоната со речиси двојно повеќе бодови во однос н авторопласираниот Дејвид Култхард од МcLaren. Две трки, онаа во Монако и Унгарија беа токму со болидот со овој број на шасијата, 211, и затоа е доста специјална.

Моторот 3.0 лиѕтарски V10 сѐ уште работи и има 18.500 вртежи во минута, и испорачува 900 КС. На аукцијата што ја организира познатаа куќа Сотби се очекува вредноста на болидот да достигне до 4 милиони долари, што би бил рекорд. Аукцијата е закажана за 16 ноември.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK