Mercedes стар околу 60-тина години во запуштена состојба се продава за 900.000 американски долари. Овој автомобил пронајден во Флорида иако се наоѓа во доста мизерна состојба со видлива рѓа, сепак поради реткоста се продава по релативно висока цена.
Идеален за реставрација, овој Mercedes 300SL е еден од првите произведени примероци од овој модел. Бојата му е отстранета уште пред околу 60 години кога сопственикот имал намера истата да ја промени, па од тогаш се до денес истиот е гаражиран.
Освен бојата и рѓата на неколку делови, сите останатие оригинални деловисе наоѓаат во гаражата па новиот сопственик не мора многу да биде загрижен околу деловите.
Многу работи се наоѓаат во гаражите и запуштените сервиси. Побарајте можеби и кај вас се крие некој стар а редок автомобил што може да го продадете за висока цена иако истиот не е во возна состојба.