Се повлекуваат 12.000 нови „лади“ – проблем со сопирачките!

ОБЈАВЕНО НА:

Руската агенција за техничко регулирање и метрологија („Рoccтaндaрт“) му порача на AвтoВAЗ дa отповика 12.192 автомобили од мoдeлитe Lаdа Vеstа, XRаy и Lаrgus, кои биле продадени од септември минатата година досега поради можен проблем со кочниците, кој бил утврден на почетокот на месецов.

Сопствениците на овие автомобили ќе треба да се појават во сервисите од компанијата за проверка на работоспособноста на притисокот на вакуумскиот простор. Доколку биде потребно истиот ќе биде заменет и тоа бесплатно.

Неодамна слична неисправеност беше утврдена кај 4.000 возила Lada Granta продадени во август во 2019 година.

Тогаш беше соопштено дека при неправилна работа не се создава доволно притисок во вакуумскиот цилиндар, а како резултат на тоа се бара многу поголем напор при притискање на педалата на сопирачките.

Некои од моделите со воодушевување беа дочекани од јавноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK